мај 5, 2024

Ова е најдобриот рецепт кој некогаш ќе го пробате. Состојки:
1 цело пиле
2 лажици мајонез
Сол, вегета
Ароматични суви билки
Подготовка:
Измијте го пилето и исушете го со кујнска хартија.
Посолете го и ставете зачин надвор и внатре. Внатрешноста исполнете ја со ароматични билки.
Надворешноста на пилето намачкајте ја со мајонез во тенок слој.
Земете две парчиња алуминиумска фолија и ставете една преку друга. Ставете го пилето на фолијата, со градите свртени кон долу.
Завиткајте го, но гледајте да има воздух и добро затворете ги краевите од фолијата.
Печете на рерна загреана на 220 степени околу 1 час. Извадете го пилето, внимателно отворете ја фолијата, процедете ги маснотиите и соковите, но не ги фрлајте, чувајте ги за подоцна.
Пилето свртете го, сега со градите нагоре, и пак завиткајте го, но само со еден слој фолија.  Вратете во рерна уште половина час.
Испеченото пиле, неодвиткано, ставете го исправено (како да седи) и оставете така 15-20 минути.
Потоа одвиткајте го, исечете и послужете, прелијте со остатокот од сокот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK