Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата претставува продолжение на успешната есенска акција.
Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и дотраен мебел.
Акцијата започнува во населбата Мичурин, каде што на 18 и 19 мај (понеделник и вторник) садовите ќе бидат поставени на следните локации:
– Улица „Анастас Митрев“, зад паркот до трансформаторот
– Улица „Венијамин Мачуковски“, до трансформаторот кај Железничката станица
Потоа, на 20 и 21 мај (среда и четврток), жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на:
– Улица „Владимир Комаров“ бр. 9, до контејнерите
– Улица „Владимир Комаров“ бр. 6-16, зад ТЦ „Скопјанка“
Граѓаните за сите наредни локации и датуми можат да се информираат на официјалната веб-страница на Општина Аеродром aerodrom.gov.mk, поточно на линкот https://shorturl.at/Iisr6 каде што е објавен комплетниот план со точни термини и локации.
Со оваа акција Општина Аеродром им излегува во пресрет на жителите, овозможувајќи им бесплатно и организирано отстранување на стариот мебел и кабастиот отпад од домовите.
Истовремено, се придонесува кон заштита на животната средина и спречување на создавање диви депонии, кои ја загадуваат околината и оставаат лоша слика за општината.


