мај 14, 2026

На 13.05.2026 во 16:35 часот на улица „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.П.(39) од Охрид. Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид со употреба на сила од Ј.Б.(28) од Германија одзел мобилен телефон. Откако бил спроведен во Полициската станица Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и задржан.

Подоцна, со судска наредба, во периодот од 20:40 до 22:20 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории во Охрид. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, семки од растението канабис, стебло од растението канабис и други предмети погодни за одгледување на канабис.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинтиел, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK