мај 14, 2026

Ракометната репрезентација на Македонија длабоко зачекори на Светското првенство во 2027 година, во Германија. Вечерва во Прешов, во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот, Македонија ја победи Словачка со 31:24 (18:13).

Избраниците на Кире Лазаров, во Словачка го демонстрираа својот квалитет и во целост ја оправдаа улогата на фаворит во овој бараж.

Првите 20 минути беа изедначени, како да сакаше Кире Лазаров да ја испитат силата на противникот. Од предноста на Словаците 10:9, Македонија го заклучи полувремето со 8:4.

Вториот дел мина во целосна контрола на се она што се случуваше на теренот од страна на македонските ракометари. На крајот победа со седум голови разлика, што прави реваншот во Скопје да биде формалност.

Македонија до победата ја ппредводеа капитенот Кузмановски со 10, Лазаревски со седум и голманот Томовски со 3 интервенции.

Реваншот во Скопје на програта е во недела, со почетокот во 19 часот.

Foto/ EPA

Share

The post Македонија победи во Словачка – Ракометарите се на чекор до пласман на Мундијалот во Германија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK