Дури и Meta нема да има пристап до она што го пишувате. WhatsApp воведува револуционерна заштита за AI кореспонденција.
Meta објави дека воведува нова функција „Incognito Chat“ за својот асистент за вештачка интелигенција (AI) во апликацијата WhatsApp, со цел зајакнување на заштитата на приватноста на корисниците.
Американскиот технолошки гигант наведува дека опцијата ќе користи технологија за обработка на приватни податоци, поради што содржината на разговорот нема да биде достапна за никого, вклучително и за самата компанија, објавува Ројтерс.
Компанијата наведува дека пораките нема да се зачувуваат и автоматски ќе се бришат, што им овозможува на корисниците поприватно да комуницираат со AI асистентот.
Извршниот директор на WhatsApp, Вил Каткарт, изјави дека корисниците сакаат поголема приватност при користење на системот за вештачка интелигенција.
Ројтерс наведува дека функцијата засега ќе поддржува само текстуални пораки, додека Meta планира да додаде дополнителна опција „Side Chat“ во наредните месеци, што ќе овозможи приватна AI поддршка во рамките на постојните разговори на WhatsApp.
The post Целосна приватност на WhatsApp: Meta воведува „инкогнито“ режим, еве за што служи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
