септември 21, 2024

Две илјади и петстотини евра и гуми за автомобил. Ова е поткупот за кој Срѓан Димитријевски бил осуден дека го побарал како полицаец во 2011 година со уште уште четворица негови колеги. Сега како командир во „Идризово“, пак, е осомничен дека со тројца колеги го ослободиле затвореникот Беким Мемети. Тие се суспендирани, но дали ќе има други мерки во „Идризово“? – Вршителот на должност директор на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ за Телма најави информација за следната недела, откако ќе се запознае одблизу со наодите на вонредниот надзор што управата го направи во „Идризово“.

Состанок со комисијата што вршеше вонреден надзор во затворот и посета на „Идризово“. Ова се првите чекори што в понедленик планира да ги направи новиот в.д. директор на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ, потврди за Телма. Потоа ќе одлучи дали ќе преземе дополнителни мерки во најголемиот затвор, по потресот што го предизвика филмското бегство на затвореникот Беким Мемети при транспорт кон болница. Тој денеска ја преземал функцијата од претходникот Марјан Спасовски кого владата го разреши по филмското бегство.

Првичната истрагата покажа инволвираност на тројцата затворски полицајци и командирот Срѓан Димитииевски осомничени за противзаконско ослободување на лице лишено од слобода. Обвинителството за организиран криминал истражува и дали мотивот да го ослободат се крие во корупција. А Димитриевски, претходно како вработен во МВР, бил во судир со законот поради коруптивно дело.

Тој е еден од петмината полициски инспектори против кои во 2011 година почнало судење за примање поткуп кое правосилно завршило во 2018 година. Според пресудата, на скопјанец му побарале 2.500 евра за да не му поведат кривична постапка. Ова му било соопштено во полициската станица „Бит Пазар“, каде оштетениот бил повикан на сослушување од Димитријевски и неговиот колега.

Наместо прашања, добил непристоен предлог од полицајците. Димитријевски, како што стои во пресудата, побарал и четири гуми за приватното возило. Откако во два наврата скопјанецот им дал вкупно околу 2.000 евра, за да ги добијат и останатите пари и гумите им помогнале тројца колеги од Аеродром. И тие го повикале оштенениот во станица и му кажале дека, наводно, има кривични пријави, против него иако тоа не било точно. Но, за да не ги процесуираат, му порачале да си го подмири долгот кон нивните колеги од „Бит Пазар“, стои во пресудата.

По ова, скопјанецот пријавил во полиција. Апелација еднаш ја укинала пресудата, а вториот пат во мај во 2018 година ја потврдила и условната казна станала правосилна. Ваквата пресуда на Димитријевски не била пречка тој во февруари 2019 година да биде вработен во затворот „Идризово“, затоа што од него не се ни барало да достави документ за неосудуваност, туку само документ дека не му е изречена казна забрана за вршење.

Елена Ивановска Мукоска Telma Tv

The post Суспендираниот командир на „Идризово“ за бегството на Мемети, во 2011 година бил осуден appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK