Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Според неа, мерките претставуваат одговор на економските предизвици и нестабилностите на меѓународните пазари на енергенси, со кои во моментов се соочуваат голем број држави.
„Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи.
Од Владата посочуваат дека продолжувањето на мерките има цел да ги амортизира економските удари врз домаќинствата и компаниите, особено во услови на нестабилни цени на енергенсите и глобални економски неизвесности.
Засега не се соопштени дополнителни детали кои конкретни мерки остануваат во сила, но институциите најавуваат дека приоритет останува заштитата на животниот стандард и контролата на инфлаторните движења.
The post Владата ги продолжи економските мерки до 1 јуни: Димитриеска Кочоска најави нова заштита за стандардот на граѓаните appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
