мај 17, 2026

Баерн ја затвори сезоната со „петарда“ против Келн, во победата 5:1, три гола постигна Хари Кејн. Британската машина за голови е новиот германски рекордер по број на голови во една сезона, моментално има 58 гола, а треба да го одигра и финалниот меч во Купот на Германија против Штутгарт.

Кејн за три гола го надмина достигнувањето на Роберт Левандовски (55 гола) од сезоната 2019/20.

На 50 натпревари, англискиот напаѓач постигна 58 гола и имаше седум асистенции, односно, во Бундеслигата на 31 натпревар, 36 гола и пет асистенции, на 13 натпревари во Лигата на шампионите, 14 гола и две асистенции, во Купот на Германија, на пет натпревари, седум гола и во Суперкупот на Германија, гол во финалниот натпревар.

Вкупно, откако пристигна во Минхен, постигна 143 гола на 146 натпревари со 33 асистенции. Импресивно и вредно за сите 100 милиони евра што му ги платија на Тотенхем за него.

Баварците постигнаа 122 гола во 34 кола од Бундеслигата, што е нов рекорд, и се втор најефикасен тим во некоја европска лига по Торино од сезоната 1947/48, кој постигна 125 гола на 40 натпревари.

Според просекот од 3,6 гола по натпревар, тие се најефикасниот тим во историјата на европскиот фудбал, сметајќи ги првенствата во кои се играат 30 или повеќе кола.

Баерн не само што го има најдобриот стрелец, туку го има и најдобриот асистент во Бундеслигата и најдобриот играч, а сепак тој не е Кејн.

Со 21 асистенција во 32 натпревари, Мајкл Олисе стана најдобриот додавач, а вкупно постигна 22 гола и 30 асистенции на 51 натпревар во сезоната.

Во финалето на Купот на Германија ќе може да го достигне или надмине рекордот на асистенции во една сезона. Овој рекорд е во сопственост на Лионел Меси (31 асистенција)

Инаку, Олисе ја доби и наградата за најдобар играч на Бундеслигата.

Foto/ EPA

Share

The post Баерн, Кејн и Олисе ги урнаа сите рекорди во Бундеслигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK