мај 17, 2026

Водно денеска е центар на спортот, рекреацијата и масовното искачување, каде се одржува 14-тото издание на Sparkasse Life – Прв до врв – една од најмасовните спортско-рекреативни манифестации во земјава.

Илјадници љубители на природата, велосипедисти, тркачи, рекреативци и компании и оваа година ќе се обидат да стигнат до врвот на Водно преку неколку различни дисциплини.

Настанот се одржува во пет категории:

планинско трчање на 4,5 километри

планински велосипедизам на 9 километри

друмски велосипедизам на 11,4 километри

E-bike трка на 9 километри

тим-билдинг трка за компании „Summit Run“ на 4,5 километри

Велосипедските трки стартуваат во 9:45 часот пред Музеј на град Скопје, со летечки старт кај ООУ „Кочо Рацин“, додека трчањето и тим-билдинг трката започнуваат во 10:00 часот пред училиштето.

Патеките минуваат низ контролните точки кај полицијата, Средно Водно и завршуваат на самиот врв на Водно.

Организаторите најавија финишер медали за сите учесници кои успешно ќе ја завршат трката, како и награди за најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Дополнително, обезбеден е и награден фонд од 1.000 евра за поставување нови рекорди.

На врвот на Водно ќе има и целодневна забавна програма со храна, пијалаци, диџеј и настап на бенд во живо, по што ќе следува официјалното прогласување на победниците.

Поради одржувањето на манифестацијата, денеска е воведен и посебен сообраќаен режим кон Водно, а од организаторите и полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките и привремените ограничувања во сообраќајот.

Share

The post Водно денес под спортска опсада: Илјадници учесници трчаат и возат кон врвот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK