Коалицијата ВЛЕН обвини дека дел од студентските протести се злоупотребуваат за политички цели на ДУИ и дека зад нив стојат функционери и структури блиски до партијата.
Од ВЛЕН соопштија дека, според нив, дел од студентите кои протестираат не ги претставуваат реалните студентски барања, туку, како што велат, „агендата на ДУИ“.
„Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ. Станува збор за политички инструмент на партија која по 20 години власт се обидува преку младите повторно да се врати на политичката сцена“, наведуваат од коалицијата.
Во реакцијата се посочува дека ДУИ во изминатите две децении имала значајни позиции во власта, но, според ВЛЕН, не успеала да го реализира полагањето на правосудниот испит на албански јазик.
„Истите тие кои молчеа сите овие години, сега ги изнесуваат децата на нивните функционери на протести. Прашањето е против кого протестираат – против своите родители“, стои во соопштението.
Од ВЛЕН оценуваат дека ваквиот пристап претставува обид за политичка манипулација со младите и додаваат дека нема да дозволат студентите да бидат користени за партиски интереси.
Коалицијата порачува дека ќе работи на решавање на прашањата кои, според нив, останале нерешени во изминатите години, вклучително и правосудниот испит на албански јазик.
The post ВЛЕН со обвинувања кон ДУИ: „Студентските протести се политички инструмент, не глас на младите“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
