Ново име сериозно се наметнува во трката за следниот Џејмс Бонд, а според британските медиуми, 26-годишниот актер Том Френсис веќе бил на аудиција за легендарниот агент 007.
Неговото име деновиве предизвика големо внимание во филмската индустрија, особено по информациите дека кастингот за наследникот на Даниел Крег официјално е во тек и го води познатата директорка за кастинг Нина Голд.
Иако од тимот на Том Френсис и од amazonmgmstudios.com� засега одбиваат официјално да ги коментираат шпекулациите, неговото име веќе се споменува како едно од најсериозните изненадувања за новиот Бонд.
Френсис е добро познат на британската театарска сцена, а неодамна ја освои престижната Оливие награда за улогата во модерната верзија на мјузиклот Сансет Булевар, каде настапуваше заедно со Никол Шерцингер.
Покрај наградата Оливие, тој доби и номинација за Тони награди, што дополнително го позиционираше како едно од најперспективните млади имиња во британската актерска сцена.
Неговото филмско и телевизиско искуство засега е ограничено, но веќе има улога во филмот Џеј Кели на Џорџ Клуни, а наскоро ќе се појави и во воената спортска драма Москито Боул на режисерот Питер Берг.
Телевизиската публика го запозна и преку последната сезона на Ти.
Покрај Том Френсис, во игра за новиот агент 007 и понатаму се споменуваат и Џејкоб Елорди, познат по серијата Еуфорија, како и Арон Тејлор-Џонсон и Калум Тарнер.
Фановите на франшизата со нетрпение очекуваат официјална потврда за тоа кој ќе го наследи Даниел Крег и ќе стане новото лице на најпознатиот таен агент во светот.
The post Ново лице за агентот 007? Младиот британски актер Том Френсис влезе во трката за Џејмс Бонд appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
