мај 18, 2026

Соопштение за јавност на Левица:

Согласо со податоците на министерството за финасии за јавниот долг на институциите заклучно со првиот квартал од 2026 година општина Ѓорче Петров вкупно должи 132 050 066 денари или 2 147 155 евра. Основниот долг на општина Ѓорче Петров на доспеани а неплатени фактури заклучно со првиот квартал од 2026 година изнесува 90 156 638 денари.

Алатката на министерството за финансии за јавниот долг на институциите укажува дека долгот на општина Ѓорче Петров во првиот квартал за 2026 година во споредба со 31.12.2025 година се зголемил за дополнителни 320.167 евра. Загрижува фактот што и покрај масовната урбанизација и изградба на згради општината го зголемува нивото на задолженост во првиот квартал од годината.

Лошото планирање на буџетот укажува дека во првиот квартал од 2026 година во Ѓорче Петров се реализирани само 4,06% од планираните капитални расходи. Затоа на теран нема изградено нова градинка училиште или пак капитален проект од круциално значење за жителите на општината.

Левица укажува дека и во иднина со погрешната финансиска политика на општина Ѓорче Петров нема да се градат капитални проекти, а се повеќе ќе изникнуваат нови згради со тенденција за градби на А1 објекти кој наместо куќи се претвараат во згради.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK