мај 18, 2026

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ заедно со ЈП „Комуналец“ денеска ја чистеа дивата депонија кај еден од објектите на универзитетот. Таму беше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој апелираше до граѓаните да бидат одговорни кон средината во која живееме.

Ректорот Игор Неделковски изрази благодарност до градоначалникот на Битола и ЈП „Комуналец“ бидејќи одговорија на нивната молба околу чистењето на дел од објектите на универзитетот.

„Пред се Студентскиот информативен центар, а тука е и нашиот Правен факултет. Бидејќи состојбата во овој регион сите ја знаеме, беше дива депонија, имаше голема обрасната вегетација, ние со нашите студенти немавме капацитет тоа да го средиме, бидејќи потребна е професионална поддршка со механизација и без збор на нашиот прв состанок веднаш излегоа во пресрет“ рече ректорот Неделковски.

Од утрово екипите на „Комуналец“ со поддршка на студенти и професори чистеа околу овие објекти.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кажа дека заедно со универзитетот решиле да продолжат со акциите за почиста Битола и во овој регион.

„Ова е трет или четврт пат откако јас сум градоначалник на Битола како се чисти ова место овде. Се вклучија тука и професорите и студентите, на нивна иницијатива беше и не застануваме овде, наредните денови ќе продолжиме и во студентскиот парк во непосредна близина. Кажав и претходно, знаете системот ние го градиме. Ако самите не поработиме на свеста и едноставно да разбереме дека постојат места каде што треба да се депонира, а не кој каде што ќе стигне“ рече градоначалникот Коњановски.

Тој кажа дека овде се прави улицата СРУ 3 во непосредна близина и ќе биде осветлен овој дел од градот, донесени беа и садници кои ќе се засадат и ќе имаме поубава средина.
Директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски кажа дека се врши заедничко чистење на овој простор и дека ова не е прва акција тука.

„Во изминатиот период од четири години многу пати тука имаме чистено, но истото се повторува од дел од несовесни граѓани, мала група која прави малку поголеми проблеми и еве денес до сега има пет камионски тури исчистено, тоа во превод значи околу 40 метри кубни смет“ рече Степановски.

Тој изрази надеж дека ова ќе биде последно чистење на оваа дива депонија и дека свеста на граѓаните ќе проработи.

Share

The post Коњановски: Почна големата акција за расчистување на дивата депонија во старата касарна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK