Начинот на кој спиете може директно да влијае врз квалитетот на одморот, нивото на енергија и здравјето на ‘рбетот, предупредуваат лекарите и експертите за спиење. Иако многумина мислат дека е доволно само да спијат доволно часови, стручњаците велат дека и положбата на телото во текот на ноќта игра огромна улога.
Според експертите, спиењето на страна е најдобрата положба за повеќето луѓе бидејќи помага дишните патишта да останат отворени, го намалува ‘рчењето и овозможува подобро порамнување на ‘рбетот. Истражувањата покажале дека луѓето кои спијат на страна имаат помалку будења во текот на ноќта и поквалитетен длабок сон.
„Најдобрата положба за спиење е онаа во која се чувствувате удобно и во која најдобро се одмарате, но генерално страничното спиење носи најмногу придобивки“, објаснува експертот за спиење д-р Мајкл Градисар.
Лекарите предупредуваат дека спиењето на грб може значително да ги влоши ‘рчењето и апнејата при спиење, бидејќи јазикот и меките ткива полесно ги блокираат дишните патишта. Според д-р Градисар, токму оваа положба најчесто е поврзана со проблеми со дишењето во текот на ноќта.
Од друга страна, спиењето на стомак се смета за најлоша опција за телото. Причината е што вратот со часови останува свртен на една страна, што создава голем притисок врз ‘рбетот, мускулите и лигаментите. Последиците најчесто се утринска болка во вратот, вкочанетост и непријатност во долниот дел од грбот.
Експертите советуваат, ако спиете на страна, да ставите перница меѓу колената за подобра поддршка на колковите и долниот дел од грбот. Ако пак преферирате спиење на грб, мала перница под колената може да помогне да се одржи природната положба на ‘рбетот.
Специјалистот за спиење д-р Ема Лин предупредува дека лошиот сон не влијае само врз заморот, туку и врз целокупното здравје.
„Недоволниот или нарушен сон го зголемува нивото на хормоните на стрес, а тоа може дополнително да ја влоши астмата, апнејата и други здравствени проблеми“, објаснува таа.
Стручњаците заклучуваат дека добриот сон не зависи само од часовите поминати во кревет, туку и од тоа како телото е поставено додека одмара.
The post Оваа положба за спиење носи подобар одмор и помалку будења appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
