Јувентус по натпреварот со Фиорентина (0:2), по кој „старата дама“ речиси остана без шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, реши парично да ги казни капитенот Мануел Локатели и напаѓачот Душан Влаховиќ.
Атмосферата во тимот од Торино ескалираше целосно, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите.
За време на натпреварот, имаше и вербален конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што дополнително го потресе тимот во најнезгодниот момент од сезоната. Во клубот не се подготвени да го игнорираат таквото однесување.
Поради инцидентот, клубот одлучи финансиски да ги санкционира двајцата играчи, додека построги мерки беа избегнати, со оглед на она што ги чека во последниот натпревар во сезоната.
На коло до крајот на Серија А, Јувентус е на шестата позиција и сè уште има минимална шанса да стигне до Лигата на шампионите. За тоа, сепак, ќе му треба победа во градското дерби против Торино и во исто време директните конкуренти Рома и и Милан да не победат кај Верона, односно Каљари.
Foto/ Depositphotos
The post Јувентус парично ги казни Локатели и Влаховиќ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
