По историската победа на Дара на Евровизија 2026 во Виена со песната Bangaranga, цел Балкан зборува за атрактивната Бугарка која преку ноќ стана европска сензација. Но, додека јавноста се восхитува на нејзиниот глас, харизма и спектакуларен настап, многумина останаа изненадени кога дознаа дека срцето на пејачката веќе одамна е освоено.
Зад сцената, далеку од рефлекторите и евровизиската еуфорија, Дара живее вистинска љубовна бајка со својот сопруг – успешниот доктор Ервин Иванов, кој бугарските медиуми го опишуваат како богат фармаколог со турско потекло.

Според тамошните медиуми, Ервин има околу 35 години и е еден од најуспешните млади експерти во својата област, но свесно избегнува јавна експонираност и естраден живот. Токму тоа, според блиски луѓе до пејачката, било една од причините Дара целосно да му верува и да се чувствува сигурно покрај него.

Љубовната приказна меѓу Дара и Ервин Иванов започнала далеку од очите на јавноста, а кулминирала со романтична свршувачка за време на патување во Тајланд.
Пејачката и свадбата ја објави на свој препознатлив и неконвенционален начин. Наместо класична прес-конференција или интервју, таа на социјалните мрежи сподели кратко видео во кое блеска во раскошна бела венчаница, опкружена со деверуши, потврдувајќи дека му кажала „да“ на својот избраник.

По победата на Евровизија, камерите уловија и еден од најемотивните моменти на вечерта – токму на Ервин Иванов му потрча во прегратка веднаш по прогласувањето за победничка, сцена што брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Фановите коментираат дека докторот бил нејзината најголема поддршка во текот на целиот евровизиски пат, а многумина забележаа дека нивната љубов изгледа искрено и стабилно, далеку од типичните естрадни приказни.
Инаку, вистинското име на Дара е Дарина Јотова. Родена е во Варна во 1998 година, а јавноста првпат ја запозна кога на само 17 години го освои третото место во бугарскиот X Factor Bulgaria.
По шоуто, нејзината кариера тргна со огромна брзина. Таа потпиша договор со Virginia Records и го издаде хитот K’vo Ne Chu, кој со недели беше меѓу најслушаните песни во Бугарија.
Освен како пејачка, Дара се докажа и како вокален тренер во The Voice of Bulgaria, каде во неколку сезони успеа двапати да ги однесе своите кандидати до победа.
Со триумфот на Евровизија, Дара не само што ја освои Европа, туку стана и едно од најголемите музички имиња на Балканот, а јавноста сега подеднакво ја следи и нејзината кариера и љубовна приказна.
The post ЉУБОВНАТА ТАЈНА НА ЕВРОВИЗИСКАТА ПОБЕДНИЧКА: Еве кој е милионерот што ја освои Дара и ѝ го украде срцето appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
