Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата.
На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, но четата на Гвардиола не успеа, штп значи дека по 22 години Арсенал повторно е шампион на Англија.
Голот за домаќините го постигна Ели Жуниор Крупи во 39-та минута, додека Ерлинг Халанд постигна гол за 1:1 во петтата минута од судиското продолжение за израмнување и драма на крајот.
Foto/ EPA
The post (Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
