Поранешниот модел и сопруга на македонскиот ракометар Мартин Манасков, Кристина Манасков, во интервју откри детали од своето секојдневие, модниот стил и животот како мајка на две мали деца.
На 31-годишна возраст, Кристина успешно балансира меѓу професионалните обврски во „Леро шпедиција“ и семејниот живот со синовите Максим и Матео. Иако јавноста ја памети по модните ангажмани, денес таа е целосно посветена на семејството и динамичниот ритам што го носи животот покрај еден од најпознатите македонски ракометари.

Кристина вели дека без разлика на обврските, секогаш се труди да го задржи својот препознатлив стил и природност.

„Моето модно парче од кое никогаш не се откажувам е црното фустанче“, откри таа, додавајќи дека за работа најчесто избира класични комбинации со кошула, фармерки и патики, додека за кафе со пријателите секогаш се одлучува за поспортски изглед.

Како свој личен моден печат ги издвојува чантата, очилата за сонце и часовникот.
„Без нив не излегувам од дома“, вели Кристина.
Иако многумина ја сметаат за една од најстилизираните сопруги на македонските спортисти, таа признава дека удобноста секогаш е на прво место.
„Секогаш сум за удобни патики“, искрено открива Кристина.
Таа смета дека модата денес повторно се враќа на стилот од деведесеттите години, со широки фармерки, сакоа и кошули, но потенцира дека најважно е жените да носат облека во која се чувствуваат убаво и сигурно.
„Не би рекла дека некоја жена прави модна грешка, важно е да бидат свои“, вели таа.
Кристина проговори и за мајчинството и враќањето во форма по двете породувања. Пред да стане мајка редовно практикувала пилатес, но денес, поради обврските околу децата, нема многу време за тренинзи.

„Јадам сè, ама повеќе би рекла дека е генетски“, низ смеа објаснува таа.
Според неа, на македонската модна сцена денес најмногу ѝ недостигаат повеќе модни настани и случувања кои би ја поттикнале домашната модна индустрија.
The post Кристина Манасков искрено за стилот, мајчинството и животот со познатиот ракометар appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
