мај 20, 2026

На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран.

При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици во кои имало 66 пакувања со марихуана. 

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија. 

Во врска со настанот, СВР Струмица изврши претреси на повеќе локации и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK