Фудбалерите на Астон Вила на доминатен начин ја освоија титулата во Лига Европа. Во финалниот меч, одигран на сѕадионот на Бешикташ во Истанбул, тимот од Бирмингем го победи Фрајбург со 3:0 (2:0).
Астон Вила финалето го реши во интервал од 17 минути, кога постигна три гола. Разликата во квалитетот беше очигледна, Фрајбург речиси и да не се закани кон голот на Мартинез.
Се истакнаа Буендија и Роџерс со по гол и асистенција.
Серијата ја отвори Тилеманс во 41-та минута, а спектакуларен гол за 2:0 постигна Буендија во третата минута од судиското надополнување на времето.
Сите надежи на Фрајбург дека може да направи нешто повеќе ги урна Роџерс во 58-та минута.
Астон Вила го освои првиот европски трофеј по 1982 година, кога прво го освои Купот на европските шампиони, а потоа и Суперкупот на УЕФА.
Тренерот на Вила, Унаи Емери, покажа дека е експерт за ова натпреварување, во шестото финале го освои петтиот трофеј. Претходно три трофеи освои со Севилја, еден со Виљареал, пораз доживеа само со Арсенал.
Foto/ EPA
The post (Видео) Емери е експерт за Лига Европа – Астон Вила доминантно го освои трофејот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
