СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С. од с.Волковија, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба”, „одземање моторно возило” и „предизвикување општа опасност”. На 04.12.2025 и 05.12.2025 во с.Брвеница, пријавениот од домот на неговата поранешна девојка одзел клучеви од возило и во с. Брвеница го опожарил возилото.
Потоа, исто така во с.Брвеница, одзел патничко возило на друго лице и заминал кон с.Волковија.
Следете не, не има насекаде
