мај 22, 2026

Американката Алиса Ди предизвика бурни реакции на социјалните мрежи откако јавно откри дека се откажала од кариерата и целосно се посветила на животот како „традиционална сопруга“, познат и како „trad wife“ модел. Таа тврди дека денес живее посреќно, посигурно и финансиски постабилно отколку кога работела и служела во војска.

Нејзината приказна стана вирална по интервјуто за каналот Truly, каде што раскажа дека со сопругот Том Ди се запознале додека двајцата биле во воена служба. Во тоа време била фокусирана на кариерата и образованието, но по свршувачката почнала да размислува за поинаков животен стил.

„Имав чувство дека на нашата врска ќе ѝ користи ако повеќе се посветам на домот и на сопругот“, изјавила Алиса.

Денес нивниот брак функционира со јасно поделени улоги. Алиса се грижи за домот и секојдневните обврски, додека Том ја презема целосната финансиска одговорност за семејството.

Таа открила дека секоја недела добива по 100 долари за лични трошоци како кафе, ситни купувања и грицки. Според нивниот договор, сите нејзини кредитни картички биле затворени, а новите се отворени на името на сопругот за тој да може да ги следи домашните трошоци.

„Сите мои кредитни картички ги затворивме и отворивме нови на името на Том за да може да ги следи трошоците“, објаснила таа.

Том признал дека во почетокот бил скептичен кон идејата за традиционален брак, бидејќи замислувал партнерка со силна кариера и амбиции. Сепак, со текот на времето смета дека токму ваквиот однос им донел стабилност и рамнотежа.

„Јас обезбедувам дом, заштита и финансиска сигурност. За возврат барам поддршка и среден дом за да можам да се фокусирам на надворешниот свет“, изјавил Том.

Алиса тврди дека денес има поголема финансиска сигурност отколку додека работела во војска и дека никогаш не била посреќна.

„Сега заработувам повеќе отколку што заработував во војска, а имам и здравствено осигурување и стабилност каква што ниеден шеф не можеше да ми обезбеди“, вели таа.

Нејзиниот избор предизвика бројни критики, особено на Reddit и другите социјални мрежи, каде дел од корисниците ја обвинуваат дека промовира застарени родови улоги и дека избегнува работа. Алиса, пак, тврди дека секојдневно добива и пораки од жени кои се идентификуваат со нејзиниот начин на живот и сакаат да избегаат од „корпоративната трка“.

Во меѓувреме, таа и сопругот го очекуваат своето прво дете, а Алиса вели дека планира и понатаму да живее како традиционална сопруга и мајка.

„Ова е најдобрата работа што некогаш сум ја имала“, порачува таа, убедена дека го пронашла животот што навистина ја исполнува.

Share

The post Сопруг ѝ дава 100 долари неделно и ги контролира трошоците: Нејзината приказна предизвика жестоки дебати на интернетот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK