мај 22, 2026

Starbucks се откажа од системот со вештачка интелигенција за следење на залихите само девет месеци по неговото воведување во кафулињата низ Северна Америка, објави Reuters.

Станува збор за системот „Automated Counting“, алатка базирана на вештачка интелигенција која требаше автоматски да ги следи залихите, да помага при навремено нарачување производи и да им олесни на вработените при подготовка на пијалаците.

Сепак, според извештаите, системот често правел грешки при пребројувањето и препознавањето на производите. Меѓу најчестите проблеми биле мешањето на различни видови млеко, како и целосното непрепознавање на одредени состојки и производи.

Во интерен допис испратен до вработените, од Старбакс соопштиле дека технологијата повеќе нема да се користи.

„Залихите на млеко и состојки за пијалаци отсега ќе се пребројуваат рачно, како и останатите категории инвентар во кафулињата“, се наведува во дописот.

Извршниот директор Брајан Никол претходно ја претставуваше оваа технологија како важен дел од стратегијата за подобрување на работењето на компанијата. Тој дури и недостигот на состојки во продавниците го посочи како една од причините за падот на продажбата.

Од Старбакс сега тврдат дека одлуката за повлекување на системот е дел од процесот на „стандардизација“ на следењето на залихите во сите нивни кафулиња. Компанијата најави и почесто дополнување на производите, во некои случаи дури и на дневно ниво.

Во меѓувреме, компанијата NomadGo, која стои зад апликацијата, соопшти дека продолжува да ги анализира повратните информации од клиентите со цел дополнително подобрување на своите производи и AI решенија.

Share

The post Starbucks се откажа од AI системот за следење залихи по само девет месеци поради бројни грешки во работењето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK