мај 22, 2026

Со цел заштита на зелените површини од паркирање на моторни возила, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп постави заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд во градот.

Како што информираат од претпријатието, поставувањето на пречници за паркирање предизвикало негодување кај дел од граѓаните, но мерката е преземена со цел зачувување на јавниот простор и зеленилото.

Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп посочуваат дека, и покрај секојдневната штета која ја трпат од несовесно однесување на одредени граѓани, остануваат на ставот дека ќе работат во интерес на сите жители на Прилеп и за заштита на јавната инфраструктура.


Share

The post ЈКП Комуналец: Паркот кај Основниот суд во Прилеп доби ново заштитно оградување appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK