мај 23, 2026

Смртта на Твиша Шарма, која се случила на 12 мај во градот Бопал, предизвика големо медиумско внимание и секојдневно ги полни насловните страни, пишува Би-би-си.

Оваа33-годишна манекенка и актерка била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг кога била пронајдена мртва во нивниот дом. Тие се запознале преку апликација за состанување. Родителите и браќата на Твиша тврдат декаСамарт и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја злоставувале поради барањата за мираз и дека таа е убиена.

Од друга страна, Гирибала Синг ги нарекла обвинувањата „неосновани“ и тврди дека Твиша имала ментални проблеми, дека се борела со зависност од дрога и дека извршила самоубиство.

Полицијата покрена истрага за смртта поврзана со миразот и истражува дали станува збор за убиство или самоубиство. Сопругот на актерката, Самарт Синг, беше 10 дена во бегство, а за информации што би довеле до негово апсење беше распишана парична награда. Судот го отфрли неговото барање за кауција и му нареди да се предаде до 23 мај. На неговата мајка ѝ беше одобрена заштита од апсење со кауција.

Судот во Бопал вчера му одреди на Самарт Синг, сопруг на Твиша Шарма, седумдневен полициски притвор во врска со нејзината смрт. Притворот доаѓа еден ден откако Синг драматично се предал пред судот во Џабалпур, предизвикувајќи хаос во судот.

Share

The post Поранешна мис на Индија злоставувана и убиена по венчавката поради мираз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK