мај 25, 2026

Кошаркарите на Олимпијакос се новите шампиони на Евролигата откако го победија Реал Мадрид во финалето со 92:85.

Кошаркарите на Олимпијакос ја освоија Евролигата по четврти пат во историјата, овој триумф е прв по пауза од 13 години.

Реал го отвори натпреварот многу подобро и брзо стекна голема предност преку расположениот Треј Лајлс, но Олимпијакос го фати ритамот во текот на втората четвртина, а благодарение на добрата улога на играчите од клупата, успеаја да го свртат резултатот и да одат на полувреме со водство.

Во продолжението се играше во серии, но ниту еден тим не успеа да го стекне значајна предност.

Финишот донесе целосен хаос на паркетот. Везенков погоди важна тројка за водство на Олимпијакос, Хезоња потоа возврати за 80:80, но потоа забивањето на Џонс и Вокап од линијата за слободни фрлања му ја донесоа клучната предност на грчкиот тим.

Во победата на Олимпијакос, Еван Фурние беше најефикасен со 20 поени, 5 скока и 4 асистенции, додека по него следуваа Питерс со 16 и Саша Везенков со 12 поени, а забележителен беше и Никола Милутинов со 8 поени и 8 скока.

Кај Реал Мадрид се истакна Треј Лајлс со 24 поени (21 во првото полувреме) и 8 скока, Марио Хезоња постигна 19 поени со 5 асистенции и 4 скока, додека Андрес Фелиз додаде 13 поени.

Foto/ EPA

Share

The post Олимпијакос преку Реал до европската титула appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK