Неизвесна е иднината на фудбалскиот клуб Милан, по катастрофата што му се случи синоќа во последното коло, во Серија А. Милан требаше да го победи Каљари на домашен терен, имаше предност, но на карјот загубии со 1:2 и остана без место во Лигата на шампионите.
По неуспехот во натпреварот против Каљари, сопственикот на клубот Гари Кардинале ќе мора да донесе клучни одлуки за следната сезона, а меѓу нив е и статусот на тренерот на Милан.
Масимилијано Алегри не зборуваше за можна оставка по натпреварот, но се обиде да ја погледне целата сезона и покрај големото разочарување.
„Се браневме многу лошо како тим. Немам за што да ги обвинам момците. Дали сум поблиску до заминување од Милан по овој резултат? Сега сум разочаран и лут, особено откако успеавме да се вратиме со победа против Џенова. Мораме да ја прифатиме ситуацијата со голема горчина“, изјави Алегри за DAZN.
Тренерот на Милан нагласи дека конечната анализа не смее да се базира само на последниот резултат.
„Потребно е да се оцени целата сезона и начинот на кој игравме. Момците дадоа се од себе. Ние направивме грешки, и јас направив грешки во овие шест порази. Секако, резултатот на крајот од годината влијае на проценката, но мислам дека мора да бидеме многу смирени кога извлекуваме заклучоци“, рече Алегри.
Особено болен детаљ за Милан е фактот дека дури и нерешен резултат против Каљари ќе им беше доволен за пласман во Лигата на шампионите.
„Бевме премногу пасивни кај првиот и вториот гол. Нешто такво никогаш порано не ни се случило. Ќе биде потребно да се направат сериозни анализи бидејќи очигледно имаше грешки“, додаде тренерот на „росонерите“.
По последниот свиреж, целото внимание беше насочено кон раководството на клубот и сопственикот Гари Кардинале.
Првиот човек на „РедБирд“, го напушти стадионот заедно со Златан Ибрахимовиќ, без да им се обрати на новинарите.
Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ бил придружуван до паркингот од обезбедувањето додека навивачите го навредувале и го исвиркувале.
За разлика од нив, Џорџо Фурлани и Масимо Калвели останаа на стадионот долго по натпреварот.
Играчите на Милан не разговараа со медиумите, ниту пак ќе го сторат тоа во наредните денови.
Реакцијата на „РедБирд“ по одржаниот состанок брутална. Поделени се двоцифрен број откази.
Клубот го напуштија:
извршениот директор Ѓорѓо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре, техничкиот директор Џефри Монкада, тренер на првиот тим Масимилијано Алегри. Ако на тоа ги додадеме и членовите на стручниот штаб на Алегри, можно е двоцифрен број луѓе да ги напуштиле „росонерите“ за еден ден.
Foto/ Depositphotos
The post Алегри доби отказ, навивачите вербално се пресметаа со Ибрахимовиќ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
