мај 26, 2026

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп упати известување до граѓаните и верниците од Исламската верска заедница во пресрет на празникот Курбан Бајрам, кој годинава започнува на 27 мај 2026 година.

Од претпријатието информираат дека се преземени активности за соодветно собирање и одлагање на отпадот од животинско потекло, со цел да се зачува јавната хигиена и животната средина за време на празничните денови.

За таа намена, ЈКП „Комуналец“ постави два специјални контејнери за отпад од животинско потекло на две локации во градот – кај џамијата и во близина на муслиманските гробишта.

Од претпријатието апелираат до граѓаните отпадот да се одлага исклучиво во поставените контејнери, со што ќе се спречи создавање диви депонии, непријатни мириси и потенцијални здравствени ризици.

Во својата порака, ЈКП „Комуналец“ на сите верници им го честита претстојниот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба.

„Грижата за животната средина е обврска на секој граѓанин“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Share

The post ЈКП „Комуналец“ Прилеп со важна информација пред Курбан Бајрам: Одредени локации за одлагање на отпад од животинско потекло appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK