мај 26, 2026

На 25.05.2026 во 14:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Ваташа, кавадаречко, на нива во место викано Моклиште, трактор управуван од И.П.(67) од село Ваташа се превртел, при што возачот се здобил со повреди.

На лице место му била укажана помош од страна на Територијална против пожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK