мај 26, 2026

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе случаи на семејно насилство во Битола, Куманово и Кичево, при што полицијата привела три лица осомничени за физички напади врз членови на семејството.

Најсериозниот случај бил регистриран во Битола, каде на 25 мај 2026 година околу 04:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 51-годишниот Т.С. од Битола. Според информациите од полицијата, тој во семејниот дом физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, при што користел метални и дрвени предмети. По интервенцијата, судија од Основниот суд во Битола му одредил мерка притвор.

Во Куманово, пак, во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.Ј. (28) од кумановско село, откако физички ја нападнал својата мајка. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Третиот случај бил регистриран во Кичево. Во 15:40 часот полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.А. (48) од Кичево, по претходна пријава дека ден претходно, околу 11:30 часот, во својот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна партнерка од кичевско.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци против осомничените.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK