мај 27, 2026

Денешниот ден ќе донесе претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност низ поголемиот дел од земјата. Според најновата прогноза, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одделни региони.

Температурите ќе бидат типично летни и ќе достигнат високи вредности. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот и централниот дел од земјата, каде максималната температура ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето постојат услови за локална појава на нестабилно време со краткотрајни врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури низ земјата ќе се движат од околу 9 до 16 степени, додека дневните максимални вредности ќе бидат во интервал од 23 до 34 степени.

Метеоролозите советуваат граѓаните да бидат внимателни во попладневните часови поради можните локални временски промени, особено на отворени простори и при планирани патувања.

Share

The post Временска прогноза за денес: Сончево и топло до 34 степени, попладне можни локални дождови и грмежи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK