Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, на мостот по наплатната станица Сопот.
Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобилe Л.Ќ. и сопатничките во возилото Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес, констатирани во Општа болница Велес.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Следете не, не има насекаде
