мај 28, 2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле седум возачи и со еден е извршен службен разговор за управување возило без возачка дозвола, од нив двајца малолетници и една малолетничка. 

Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола (еден малолетник), две лица во Гостивар (една малолетничка), едно лице во Битола и еден малолетник во Кичево. Додека, едно лице во Неготино управувало возило без возачка дозвола и предизвикало сообраќајна незгода со друго возило и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK