мај 29, 2026

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, покажува прогнозата за 29 мај 2026 година. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а наместа долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе бидат значително посвежи и ќе се движат од 6 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 19 до 31 степен.

Најтопло се очекува да биде во југоисточните делови од земјата, каде температурата ќе достигне до 31 степен, додека посвежо ќе биде во западните и северните региони.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од околу 12 степени наутро до 28 степени во текот на денот.

Метеоролозите најавуваат пријатен пролетен ден со стабилно време и повеќе сончеви периоди во поголем дел од државата.

Share

The post Еве какво време нè очекува денес низ Македонија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK