Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче.
На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.
Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот Аеродром.

„Св. Троица“ е вистински пример за негување на традицијата, на македонскиот дух и на вредностите што со гордост ги пренесуваме на младите генерации, но и прекрасна можност за испреплетување на културите, пријателството и меѓусебното почитување.
Искрени честитки и благодарност до организаторите од КУД „Гоце Маркоски“ за посветеноста и долгогодишната работа во зачувувањето на фолклорот, традицијата и културното наследство.
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да ја проследат богатата програма и да бидат дел од оваа прекрасна фолклорна приказна исполнета со музика, игра и традиција.
Следете не, не има насекаде
