септември 22, 2024

Детската амнезија е неможност да се запаметат детали и настани што се случиле пред четиригодишна возраст.

Истражувачите кои го проучувале овој психолошки феномен дошле до заклучок дека децата пред седумгодишна возраст паметат околу 60 или повеќе проценти од настаните, додека децата во развојниот период до девет години само 40 проценти од настаните.
Дали е тоа поврзано со вербалните комуникациски вештини?

Една од теориите зошто не можеме да допреме до нашите најрани сеќавања е дека токаш не сме можеле да комуницираме вербално. За да опишеме одредено сеќавање, користиме зборови, а повеќето мали деца не зборуваат течно – не можат да ги изразат своите мисли додека не наполнат две години. Поради ова, не се во можност да создадат кохезивна меморија.
Развојот на мозокот игра голема улога

Едно истражување покажа дека мозокот „не складира долгорочни спомени“. Освен тоа, не можеме да се сетиме на дневните настани пред три или четири години, бидејќи епизодната меморија сè уште не ни е формирана.
Сеќавањата на родителите ги менуваат нашите
Друго истражување сугерира дека родителите со своето лично искуство за одреден настан ги менуваат и нашите спомени од детството. Со други зборови, истражувањето покажало дека децата различно се сеќаваат на истиот настан откако ќе разговараат со своите татковци, а поинаку кога разговараат за тоа со своите мајки.

Моќта на емоционалниот одговор
Психолозите тврдат дека децата се сеќаваат на оние настани кои во одреден момент од детството им предизвикале силна емоција како одговор на одредена ситуација. Без разлика дали се работи за позитивна или негативна емоција, поверојатно е дека детето или возрасната личност ќе се сети на тој специфичен настан во некоја фаза од својот живот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK