Советот на Град Скопје, на денешната 21 седница, со 22 гласа за донесе заклучок за задолжување на градоначалничката Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје да достават информации за јавниот градски превоз во рок од седум дена.
Според заклучокот, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ЈСП, до Советот на Град Скопје, во рок од седум дена да достават информација за актуелната состојба во јавниот градски превоз, состојбата во ЈСП, како и на начинот на организација и реализација на јавниот градски превоз.
Следете не, не има насекаде