За утре е закажан протест од 9.30 до 11.30 часот на ул. 1632 – Кванташки Пазар – Капија и на истиот ќе учествуваат физички лица и претставници-управители на правни лица-закупци на Кванташки Пазар.
– Целта на јавниот собир е да се изрази јавното незадоволство на лицата-закупци на Кванташки Пазар од незаконското и своеволно однесување и постапување на раководните лица на Кванташки Пазар, информираат организаторите на протестот.
Организаторот соопшти дека се преземени сите мерки за непречено организирање и одвивање на јавниот собир.
И пред неколку дена се одржа протест на Кванташки Пазар поради тоа што закупците се пожалија дека немаат основни услови за работа.
The post Утре пак протест на Кванташки Пазар appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде