септември 23, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение деа сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

На 29 декември, во напуштен објект на улицата „1737“ во Скопје, по вербална расправија, осомничениот со умисла на свиреп начин лишил од живот едно лице. Со оштетениот се сретнале во Градскиот трговски центар и тргнале во правец кон т.н. „Адвокатска улица“.

Во напуштениот објект започнале да се караат, па осомничениот од џебот извадил нож со кој на оштетениот му задал повеќе од 20 убоди во телото.

Поради сериозноста на повредите оштетениот починал, а осомничениот ги измил рацете и си заминал од местото на настанот.​​

The post Свирепо убиство во Скопје: Се сретнале во ГТЦ, а потоа отишле во напуштен објект каде 20 пати го прободел – ги измил рацете и си отишол appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK