септември 23, 2024

Алиша Кис прослави 42. роденден и го одбележа со објавување видео на Инстаграм во кое сподели среќни моменти од приватниот и професионалниот живот. Пејачката роденденот го прослави на плажа во бикини, заедно со семејството.

Сопругот на Алиша, Свиз Биц објави видео кое е комбинација од нејзини настапи, примени награди и видео спотови ѝ и посака среќен роденден.

„Ти си подарок на овој свет“, напиша Биц.

Кис е добитничка на 15 Греми награди, седум награди „BET“, девет „Billboard Music“ и има продадено над 35 милиони албуми. Таа компонира музика од нејзини 12  години. Позната е и како одлична пијанистка, на петнаесетгодишна возраст потпишала договор со Колумбија Рекордс. По расправиите со издавачката куќа, таа се префрлила на Ариста рекордс и подоцна го издаде својот деби албум Songs in A Minor во 2001 година.

„Јас сум таа личност која никогаш не требаше да успее. Требаше да завршам како проститутка, млада мајка на 16 години или зависник од дрога. Јас сум токму таа која требаше да се најде на погрешно место во погрешно време“ изјави таа во една прилика, осврнувајќи се на тешката положба на Афроамериканците во американското општество, особено на жените.

Пред неколку години таа реши да ја прифати својата природна убавина, поради што често можеше да се види на црвениот тепих без шминка. И покрај тоа што козметичката индустрија е еден од најголемите светски бизниси, таа во 2016 година објави дека оди на патување без шминка и остана на тоа.

„Не сакам повеќе да се покривам. Ниту лице, ниту душа, ниту мислите, соништата, борбата, емоционалниот раст , ништо“, рече Кис.

Инаку, Алиша е во брак од 2010 година со продуцентот Свиз Биц (44). Заедно имаат два сина Египет Дауд (12) и Џенесис Али Дин (8).

The post Алиша Кис во бикини прослави 42. роденден appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK