септември 23, 2024

Пејачката Мајли Сајрус призна дека халуцинирала како убива фоки додека била издрогирана, па дека тоа ја натерало да стане веган во 2013 година. Сепак, шест години подоцна, таа пак почнала да јаде месо. Мајли ова го раскажа во интервју во живо со Џои Роган.

„Трипував дека убивам фоки и дека шаман од уста ми го извлекува секое мртво животно што некогаш сум го изела. Не беше забавно“, вели Мајли во интервјуто.

Таа откри дека во тоа време ја користела дрогата ајахуаска, лоза што расте во амазонскаат џунгла. Кога се комбинира со лисја од чакруна, кои содржат халуциногена состојка диметилтриптамин, се добива пијалак што шаманите го користат за време на нивните ритуали. Тој е свет лек за староседелците на Амазон и се користи за разни намени, од емотивно до физичко лекување.

Пејачката, во интервјуто отворено зборуваше и тоа дека редовно користи марихуана, ама и дека сега се обидува да биде потполно трезна бидејќи заради мамурлакот следниот ден не вреди да се опива.

Мајли во моментов е актуелна со песната Flowers, која е посветена на нејзиниот поранешен маж Лијам Хемсфорт.

The post Мајли Сајрус: Издрогирана халуцинирав дека убивам фоки appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK