септември 23, 2024

СОВЕТНИКОТ на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека откако Киев се договорил со Западот за набавка на тенкови, следниот чекор е да се постигне договор за набавка на авијација и ракети кои се потребни за напад на Крим.

КИЕВ ПОДГОТВУВА НАПАД НА КРИМ Подољак: Таму има голем број магацини, затоа ни требаат проектили и авијација

Како што рече, станува збор за ракети со долг дострел кои би можеле да ја уништат руската инфраструктура лоцирана зад линијата за демаркација, а пред се магацини со артилериско оружје и муниција.

Многу голем број од тие магацини се наоѓаат на Крим, затоа ни се потребни тие проектили, но и авијација – посочи Подољак.

Тој исто така рече дека на Украина и се потребни меѓу 350 и 500 тенкови и дека периодот на испорака на тие тенкови треба да биде што е можно пократок – до два месеци.

Се надевам дека сите разбираат дека секој ден што минува е ден што го плаќаме со крв. Затоа сè треба да се случи многу побрзо – додаде тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK