септември 23, 2024

Уште еден затвореник побегнал од затворот во Идризово, објави Инфомакс.

Се работи за затвореник со иницијали А.А. од Кичево кој својата затворска казна ја отслужувал во затворот Идризово. Сега за сега нема информации како се случило бегството.

Да потсетиме дека неодамна имавме филмско бегство од затворот Идризово во кое беше ранет припадник на затворската. Бегството беше резултат на грабнувањето кое се случи во текот на ноќта, при спровод на затвореникот со висок безбедносен ризик од затворот до болница. Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет во бешиката. Затвореникот бил изваден и заедно со вооружените лица се дал во бегство.

Потоа медиумите пренесуваа за уште бегство на затвореник од затворот во Идризово со иницијали Н.А.

Македонија убедливо води во статистиката на затвореници што избегале од затвор. Во нашата земја 691 затвореник на секои 10.000 затвореници избегале од затвор.

The post Денес уште еден затвореник побегнал од Идризово appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK