септември 23, 2024

Македонската креаторка Лидија Георгиева повеќе од три децении постигнува успеси во модата. Дваесет години живеела во Париз, каде што имала свој дуќан на една од најпознатите модни авении во градот. Секојдневно се среќавала со славни личности, а еден ден во нејзиниот бутик ненајавено дошла и Мадона.

„Јас продавав на Сен Жермен, меѓу ‘Соња Рикел’ и ‘Прада’. Тука купуваа доста пејачки ѕвезди, глумици за Кански фестивал, доаѓаа и лични стилисти, некои купуваа и на метар за хотели во Дубаи… Мадона најрегуларно си дојде, без никаква посебна најава. Едноставно го виде парчето и , рече ‘потребно ми е ова’ и  го купи. Рече ‘продолжете вака’ и си отиде. Направена беа и фотографии, ама сè фрлив“, се сеќава Лидија.

Таа во Париз завршила и факултет за мода и дизајн. Потоа почнала да работи со некои од најпознатите француски модни куќи. Креирала колекции за Рошас, Балмејн. Често за ревии ги облекувала и најпознатите топ-модели од ’90-тите.

„Ева Херцигова ми остави најсилен впечаток од сите. Знаеш, сите тие се различни, ама кога ќе застанат пред тебе, околу нив се материјализира ѕвездена прашина и јасно ти е зошто беа толку многу платени. Некои беа тивки и молчеа, други зборуваа многу и на тој начин сакаа да создадат контакт“, ни раскажа неодамна Георгиева за „Репортер“.

Последниве години, дизајнерката работи и како професор на Факултетот за дизајн и на студентите секојдневно им го пренесува знаењето што го стекнала во Франција. Таа неодамна го привлече вниманието со две креации за ревијата „Јованка во боја“, посветена на Јованка Броз во Белград. Нејзини модели често носи и првата дама Елизабета Ѓеоргиевска, а еден од највпечатливите е црниот комплет со навезан вел што сопругата на Пендаровски го носеше на приемот кај Папата во Ватикан.

The post Мадона влезе во мојот дуќан во Париз и рече мора да купи моја креација: Лидија Георгиева за животот и модата во Франција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK