Гледам на македонскиве портали поинтересна им је веста дека навијачката група „Балисти“, со пиротехника го „запалила“ Тетово по повод 30 године од нивното формирање, неголи веста дека истата таја навијачка група, у суботата одржала прослава у НУ Центар за култура „Иљо Антески-Смок“.
Фејсбук статус кој во целост го пренесуваме
Дојде време навијачка група именуена по колаборационисти на Хитлер и Мусолини, да прае некаква прослава у објект именуен по антифашист, партизан
Иљо-Смок, по кој је именуен Културниот дом у Тетово, бил тетовчанец, антифашист, партизан. Се борел против фашистите и фашистичките слуге – балистите (Balli Kombëtar), кои делуеле на ова подручје ка продужена рука на фашистичката окупаторска италијанска власт у Втората светска војна. Бил заробен од нив у април 1943; осуден на смрт со бесење, и обесен на 17 мај 1943 година у затворот у Тирана.
Еве ни умрен не почива у мир. Дојде време навијачка група именуена по колаборационисти на Хитлер и Мусолини, да прае некаква прослава у објект именуен по него. Каква иронија!
Господа медиуми, поразително је што ова више трет ден проаѓа незабележано од ваша страна. Ќутејќи – банализирамо. Банализирајќи – нормализирамо. Нормализирајќи – дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.
Веруем дека сигурно ќе има мои сограѓани – Албанци кои ќе се сложа со вистината дека не смее да се повампируаа нацизмот и фашизмот. Останатите, драги пријатели – Албанци, на кои ви смеќава ова што го пишуем, извините ме ако со постов ви ги скокоткам вашите кревки национални чувства. Али, ова нема врска со вашата националност. Има врска со одобруењето и приклонуењето према историските губитници у Втората светска војна – Хитлер и Мусолини и нивните пајташи! Притоа, никој не ме праша мене ка Македонец, и моите сограѓани – Македонци дали нас нѐ скокоткаа некои ваши поступке. Ќутковци смо мие свекако. Али јбг, некој мораше да го напише и ова.
И не, не може да сметате дека „ништо страшно не је ова“, банализирајќи ја трагичната симболика на изборот на локација на суботната прослава. Се надевам само дека не бил намерен овја избор; а и да бил – тоа не значи дека не треба да не наиде на реакција!
Уште попоразително је некој од вас да се ваѓа на „незнаење“ за сопствениот придонес у реинкарнацијата на фашизмот и нацизмот у Тетово и у Македонија. Придонесуете свите на кои ова ви је нормално. Придонесуете свите кои сматрате дека ова не је голема работа.
У крајна линија, па и затоа треба да постоја државни механизми кои ќе спреча некој „несакајќи“, на било каков начин, да реинкарнира одреден дел од фашизмот или нацизмот. И ка да ни је малу што ка држава смо дозволиле цели 30 године да опстојуе навивачка група со такво име, па уште озгора и ова – да дозволимо и преќутимо (ка држава, ка институције, ка медиуми, ка граѓанство, ка јавност, ка тетовчани) вакво мочање на коскете на директне жртве од фашистички слуге?!?
Преќутујќи за атер на „мир у куќа“, нормализиравмо многу ненормални работе, ги нормализируемо и ваквите. Ова едноставно не је нормално!
Не знаем дали у нормални државе ќе можеше било кое здружение, организација, навијачка група, да носи име на нацистички и фашистички колаборационисти. К’ј нас 30 године гордо си го носа. Демократија, јебига.
Незаштитујќи си ги сопствените темели врз кои је изградена, државата се моча самата себе. Епа, чим смо вакви, без достоинство, не заслужуемо независност. Не заслужуемо држава. Продужите сега слободно со понеделникот.
Следете не, не има насекаде