септември 24, 2024

На 13 јануари, еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и со ножеви. Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија, дознава порталот МКД.мк.

На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го привеле И.Н.Д. (31) од Бугарија. При преглед и контрола на патничкото возило ‘фолксваген туран’ со бугарска национална ознака кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и метална палка на расклопување. Лицето било предадено во полициската станица во Куманово и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Нема друга официјална информација за текот на поднесената соодветна пријава.

The post Бугари се обиделе да влезат во Македонија со ладно оружје appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK