По освојувањето на поголем број градоначалнички места, повторно на дело се гледа недомаќинското и неодговорното работење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со парите на граѓаните. Последен во низата примери за неодговорно трошење на парите имаме во општина Гази Баба.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, иако пред само една година наследи полна општинска каса со околу 3.2 милиони евра, сега најавува подигнување на општинска обврзница во висина од 5 милиони евра.
Ваквиот начин на работење на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не е новост доколку се земе предвид дека и претходно тие ги оставија општините со сериозни долгови. Токму во Гази Баба, претходниот градоначалник, кој дојде од редовите на СДСМ, Борис Георгиевски наследи долг од околу 2 милиони евра, без проекти.
Задолжување со обврзница направи и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој ја задолжи општината за 5,4 милиони евра.
Против ваквото задолжуавње се побунија советниците од СДСМ, кои гласаа против задолжувањето бидејќи општината ќе треба во следните десет години да враќа по еден милион евра, односно да врати 10 милиони за земените 5,4.
Катастрофалната ситуација во која беа оставени општините во 2017 година беа повод, Владата предводена од СДСМ да усвои закон за финансиска поддршка за отплата на долговите на општините. Тогаш им беа доделени неповратни и наменски средства на општините за да се нормализираат долговите кои ги направија претходните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Со ваквото неодговорно раководење на парите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека тие не ги промениле навиките и дека единствено се грижат за доаѓање на власт за да може да раководат со парите од буџетите за нивни лични и партиски интереси.
Слична би била ситуацијата и на централно ниво, кога сите сме сведоци дека до 2016 година државните буџети наместо за помош на граѓаните и подобрување на стандардот се трошеа на споменици и фасади од стиропор.
The post Недомаќинско работење на градоначалниците ВМРО-ДПМНЕ: И Гази Баба планира задолжување со 5 милиони евра appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде