Едноставни за подготовка и многу вкусни.
Состојки:
– 4 јајца
– 150 мл млеко
– 1,5 кесички пудинг од ванила
– 20 гр шеќер
– 2 лажици гриз
– 40 гр крем сирење, како она за чизкејк
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во сад и убаво се мешаат со лажица додека се убаво не се соединат.
Оставете го тестото да отстои 10 минути и повторно измешајте.
Во загреана тава на малку масло пропржете ги палачинките, за полесно вртење се препорачува да се пржат во помала тава.
Послужете ги намачкани со џем, чоколаден крем или мед и ореви.
Добар апетит!
Следете не, не има насекаде