ноември 27, 2024

Наскоро повторно ќе уживаме во нејзиниот беспрекорен глас, но и во изданието со кое ќе се појави во „Ѕвездите на Гранд“.

Македонската поп-пејачка Славица Ангелова (20) која на својот прв настап во шоуто ги воодушеви сите и освои неверојатни осум гласови од жирито, на социјалните мрежи го најави својот следен настап и покажа уште едно модно издание со кое ќе и овој пат ќе ги засени сите.

Имено, младата пејачка заблеска во белиот префинет фустан во кој изгледаше како најголемите светски ѕвезди.
Славица изгледаше занесно во долгиот фустан кој ја следи линијата на телото и кој го краси длабок шлиц до колковите.

Македонската Гранд ѕвезда се појави на бината и го украде шоуто – горе ПРОЅИРНО И БРУТАЛНО, долу – длабок шлиц до колковите!

Фустанот е со полу-проѕирен горен дел и со длабоко деколте во „V“ израз, a Ангелова го носеше со шик сандали со високи потпетици.
Покрај несекојдневно убавата тоалета Славица целото издание го „зачини“ и со својата провокативна поза.

Пејачката на лицето имаше дискретна шминка со која ја истакна својата природна убавина, додека косата врзана во високо коњско опавче и карминот во страсна црвена боја идеално го надополнија целото издание.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK