На профилот на Твитер на Ц. Звезда беше објавено дека Пандев бил во просториите на клубот во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ.
„Нашиот клуб денеска ја пречека легендата на македонскиот фудбал и голем навивач на Ц. Звезда, Горан Пандев кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон нашиот тим“, објави Ц. Звезда.